Трамп ги укина ограничувањата, американската војска ќе може да користи противпешадиски мини

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Новите напредни мини кои американската војска сега ќе може да ги користи треба да можат да се самоуништуваат ако не се активни во одреден рок.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги укина ограничувањата одредени за американската војска во 2014 година, врзани со употребата на противпешадиски мини, погубни за цивилното население.

– Новата политика ќе ѝ овозможи на воената команда во извонредни услови да користи напредни противпешадиски мини, посебно направени за да се намали ранувањето на цивилите и партнерските сили – стои во соопштението на Белата куќа.

Трамп така ја поништи одлуката на својот претходник Барак Обама за делумно придржување на договорот за забрана на противпешадиски мини, кои го ратификуваа 164 земји во светот.

Тој забранува употреба, складирање, производство и пренос на противпешадиските мини кои се поставуваат во земјата и експлодираат кога ќе се застане на нив.

САД не ја потпишаа таа конвенција, но од 1991 година ги користеа само 2002 во Авганистан.

Обама забрани користење на противпешадиски мини, освен на Корејскиот Полуостров, каде американската војска го задржа правото да ги користи.

Министерот за одбрана Марк Еспер во петокот ја поздрави одлуката на Трамп.

– Противпешадиските мини се важна алатка која нашите сили мораат да ја имаат на располагање, за да го осигураат успехот на своите мисии. Со мините опремени со нова технологија, мислам дека сте уверени дека детално разгледавме како тие ќе бидат користени и што ќе биде со нив по судирите, што е често прашање – посочи Еспер.

Новите напредни мини кои американската војска сега ќе може да ги користи треба да можат да се самоуништуваат ако не се активни во одреден рок.

Завојуваните страни редовно ги оставаат противпешадиските мини зад себе по заминувањето од боиштата, па тие и понатаму убиваат по завршувањата на судирите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот