Трамп: Бајден е најлошиот кандидат за претседател во историјата

Кампања на Трамп во Пенсилванија/ Фото: EPA-EFE/DAVID MAXWELL

За американскиот претседател Доналд Трамп демократскиот претседателски противкандидат Џо Бајден е „најлошиот кандидат во историјата”, а ова тој го кажа на митинг во Висконсин.

-Доколку загубам, што треба да направам? Повеќе би се кандидирал против некој што е исклучително талентиран, барем на тој начин можам да си одам и да си го водам животот, рече Трамп.

Трамп, кој се зарази со коронавирус, на средбата со приврзаниците повторно инсистираше на тоа дека е имун на заразата, кажувајќи дека неговото здравје брзо се подобри.

Трамп рече дека „сега може да скокнам во публика и сите да ги бакнам, и жени и мажи”, пренесе Гардијан.

Трамп продолжи да одржува политички митинзи и покрај заканата од коронавирусот, за кој беше хоспитализиран неколку дена претходно во текот на месецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот