Трајковски: Заборавивме на поразот од Швајцарија, ќе ја заборавиме и оваа победа над Словачка

Бојан Трајковски во вториот дел на сезоната ќе игра за КК Феникс 2010/Фото: kfsm.mk

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Трајковски е задоволен од постигнатиот резултат во дуелот со Словачка во кој ја постигнавме првата победа во претквалификациите за СП.

Вели дека она што било договарано пред средбата било во најголем дел и реализирано (69:47). И дека со мислите се веќе усмерени кон следните мечеви кои ги носи „Балонот“ во Скопје.

Нашиот играч беше прв стрелец против Словаците со 16 поени, додаде и осум скокови.

– Сè што се случи првиот натпревар, го поправивме во вториот. Тоа што се договаравме да не го правиме, не го правевме. Игравме без нервоза и без грешки и на крајот заслужено победивме. Како што го заборавивме поразот од првиот натпревар, така ќе ја заборавиме и оваа победа.

Имаме уште два меча до крај, мора да бидеме внимателни. Се надевам дека ќе завршиме со тој позитивен скор. Секој натпревар е приказна за себе, ќе се обидеме да бидеме подобри со Швајцарија и да не промашуваме зицери. Сакаме победи и на следните два натпревари – рече Трајковски по победата над Словачка.

Бајиќ: Не се плашиме од никого, така ќе биде и понатаму

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот