Трагичниот живот на француската икона: Изгубила две бебиња, властите ја малтретирале, па извршила самоубиство

Џин Сиберг во „Breathless“ (1960) / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Џин Сиберг била американска актерка, по која воздивнувал целиот свет. Славата ја стекнала со улогата во култниот филм „Breathless“ (1960) на Жан-Лук Годар, а во актерската кариера одиграла повеќе од 30 улоги, пишува „Стил“.

Речиси половина од животот го поминала во Франција, бидејќи во САД била прогонувана од разузнавачките служби. Џин сесрдно поддржувала и финансирала бројни организации за човекови права, кои сè уште биле во повој во шеесеттите години на минатиот век. Меѓу нив биле и таканаречените „Црни пантери“, организација која се борела за правата на афро-американската заедница.

Федералното истражно биро (ФБИ), на чело со Џеј Едгар Хувер, во тоа време спроведувало акција со назив „COINTELPRO“, чија единствена цел била следење, снимање и дискредитирање на членовите на ваквите организации, но и на оние кои ги поддржувале, како што била и Џин. Покрај „Црни пантери“, во радарот на ФБИ биле вклучени и бројни феминистички и левичарски движења.

Џин Сиберг и Жал-Пол Белмондо во „Breathless“ (1960) / Фото: © Productions Georges de Beaureg / AFP / Profimedia

Актерката поминувала низ невидена тортура. Агентите на ФБИ отворено ја следеле, ѝ вршеле притисок, го прислушувале нејзиниот телефон, упаѓале во нејзината куќа и добиле зелено светло од нивниот директор, како и од тогашниот јавен обвинител на САД, да ја „неутрализираат“ со тие методи.

Во документите, што подоцна ФБИ ги направи јавно достапни, било јасно наведено дека агентите барале и нашле „креативни“ методи за да ѝ го направат животот практично неподнослив. Холивуд престана да ѝ нуди улоги, иако некогаш беше прогласена за „откритие на годината“. Но, нападите врз нејзиниот приватен живот преку медиумите и таблоидите биле она што ја уништило.

На почетокот на 1970 година, среде потера, Џин забременила со својот втор сопруг, Ромен Гери. Од ФБИ одлучиле да им дадат до знаење на медиумите дека вистинскиот татко на нејзиното бебе е еден од водачите на „Црните пантери“, со кој, наводно, го изневерувала својот сопруг. Кампањата за уништување на угледот на актерката се вжештил кога тие озборувања биле објавени во сите таблоиди, а претрпениот стрес поради медиумската хајка предизвикал предвремено породување на актерката.

Џин Сиберг во 1957 година / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Прерано роденото девојче живеело само два дена, а потоа починало. Уништена од болка, актерката побарала на погребот да се отвори ковчегот, за сите да видат дека кожата на бебето е бела.

По оваа трагедија, актерката живеела во неколку различни земји, но нејзиното семејство подоцна изјавило дека ФБИ сè уште ја следи. Нејзиниот сопруг изјавил дека таа била психички уништена по смртта на бебето и дека неколку пати се обидела да се самоубие.

Сепак, тие успеале да добијат дете – нивниот син Александар Диего Гари бил роден во Барселона во 1962 година. Поради прогонот кој го доживувала Џин, веста за раѓањето на детето се криела цела година.

Џин Сиберг / Фото: akg-images / akg-images / Profimedia

Иако сè уште била во брак со Ромен, во 1970 година Џин започнала романса со студентот Карлос Наваро. Забременила и ја родила ќерката Нина, но и тоа бебе починало два дена по раѓањето, наводно поради компликации предизвикани од пиење апчиња за спиење за време на бременоста. Дотогаш, Џин веќе имала самоубиствени мисли и проблем со злоупотреба на дрога.

Џин се развела од Ромен, се омажила за режисерот Денис Бери и останала во брак со него сѐ до неговата смрт, иако во меѓувреме престанале да живеат заедно. Потоа, таа стапила во вонбрачна заедница со Ахмед Хасни.

Сиберг исчезнала од нивниот стан во Париз во август 1979 година. Хасни ѝ раскажал на полицијата дека отишле во кино, дошле дома и си легнале. Кога се разбудил следниот ден – Џин ја немало. Потрагата по актерката траела осум дена, а на деветтиот ден била пронајдена мртва во паркирано „рено“ во близина на станот. Таа била завиткана во ќебе на задното седиште, а до неа биле пронајдени шише со вода и лекови. Џин оставила и проштална белешка за својот син, пишувајќи само: „Прости ми, не можам повеќе да живеам со своите нерви“.

Ромен и Александар Гари / Фото: no, Credit line: AFP / AFP / Profimedia

Смртта на актерката била прогласена за самоубиство, но цела година подоцна, француската полиција одлучила да го разгледа случајот и да поднесе обвинение против „непознати лица кои не помогнале на лице во опасност“.

Шест дена откако било пронајдено нејзиното тело, од ФБИ признале дека ја следеле и дека ја малтретирале.

Симон де Бовоар: Феминистката која му напиша 112 писма на својот љубовник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот