Трагедија во Москва: Од корона почина докторот на ЦСКА

Докторот на кошаркарскиот тим ЦСКА Москва, Роман Абжелилов почина во 44. година од животот како последица од коронавирусот.

„Нашиот пријател, брилијантен доктор, за жал почина денеска. Се бореше до последниот момент, но не успеа да се избори со последиците од коронавирусот. Зад себе остави сопруга и две деца. Почивај во мир, пријателу“, објави рускиот тим.


Ужасната вест од Москва доаѓа во моментите кога се бараат начини како да се продолжи сезоната во Евролигата во која токму ЦСКА е бранител на титулата. Од бордот на Евролигата го одредија 24 мај како последен рок за одредување на судбината за оваа сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот