Трагедија: Млад руски фудбалер почина сред натпревар

фото: Твитер

Нова трагедија го погоди рускиот е светскиот фудбал, откако уште живот на млад фудбалер згазна и тоа на фудбалски терен. Младиот 18-годишен Никита Сидоров на стадионот Торпедо во Орехково-Зуево, во близина на Москва, почина откако помина само пет минути на теренот.
– Докторите и брзата помош пристигнаа многу брзо и час и половина се бореа за неговиот живот. За жал, загубивме млада личност и фудбалер. Тоа беше најздравиот од сите нас – изјави Михаил Пузанов, директорот на најстариот активен фудбалски клуб во Русија.

Според првичните информации, причина за смртта може да биде оштетување на мозокот, односно церебрална аневризма. Но, сè уште се чекаат резултатите од обдукцијата за да се дознае вистинската причина за смртта на младиот Никита.

Никита Сидоров во 2015 година почна да игра за тимот на Знамја Труди од каде премина во Спартак-Орехково (2016-2018) по што во 2019 година повторно се врати во тимот на Знамја Труди.
Во април минатата година младиот фудбалер Инокенти Самохвалов (22) на тренинг во Русија ја загуби свеста и почина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот