Тотенхем веќе има подготвено замена за Мурињо
Се поизвесно е дека на лето Португалецот ќе си замине од Лондон.
Екипата на Тотенхем се наоѓа во резултатска криза која може да резултира со големи промени по завршување на сезоната.
Тотенхем изминатиот викенд загуби од Вест Хем и го доживеа четвртиот пораз во последните пет натпревари во Премиер лигата со кои е се подалеку од местото кое носи пласман во Лигата на шампионите. Токму Вест Хем, тимот од кој загубија, е четвртопласиран на табелата со девет бодови повеќе во однос на Тотенхем.
Неиграњето во Лигата на шампионите ќе предизвика големи финансиски проблеми за Тотенхем кои ќе мора да ги санира со продажба на својот најдобар фудбалер, Хари Кејн.
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, нема намера да го продава својот капитен за помалку од 150 милиони евра, но прашање е дали таа сума може да си ја дозволи некој клуб во време кога пандемијата на коронавирусот предизвика финансиски проблеми кај сите фудбалски гиганти.
Цехот на неуспехот, односно пласман во Лигата на шампионите, речиси сигурно е дека ќе го плати и тренерот Жозе Мурињо. Иако има договор со 2022 година, Леви нема намера да му прости за неуспехот и доколку Тотенхем евентуално со триумф во Лигата на Европа не се пласира во ЛШ, тогаш Мурињо на лето ќе добие отказ.
Наводно, Леви веќе ја пронашол замената за Мурињо, тоа е Брендан Роџерс кој прави чуда со Лестер. Наводно, Леви имал разговор со Роџерс кој не ја одбил понудата и е заинтересиран да седне на клупата на Тотенхем.