Том Круз шокираше со изгледот (ФОТО)

профимедиа

На доделувањето на „British Fashion Awards“, кое се одржа во Лондон, еден од најпопуларните холивудски актери и веројатно најпознатиот сиентолог во светот шокираше со својот изглед.

Бидејќи не се појавува пречесто на социјалните случувања, шокот беше уште поголем, а се чини дека Том Круз „малку“ се заиграл со естетските зафати или ботокс инекциите.

Неговото лице било скаменето, а како и сите 57-годишни кои природно стареат и имаат брчки, така и Круз силно се трудел да поработи на мимиките и гримасите со цел да не се познава во голема мера неговата корекција, но тоа не му успеало.

профимедиа

Сите присутни биле шокирани од неговото камено лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот