„Тој е најдобриот човек кој постои“: Фановите бараат актерот да биде прогласен за личност на годината

Foto: Ethan Miller

Една од најомилените ѕвезди на Холивуд актерот Кијану Ривс, дефинитивно спаѓа во групата најсакани познати личности.

Поради неговата непосредност, природност и скромност, актерот е обожуван од публиката,

А тоа обожување ја поттикна петицијата со која неговите фанови бараат актерот да биде прогласен за личност на годината.

Повеќе од 70.000 луѓе ја потпишале петицијата магазинот „Time“ да го прогласи Кијану Ривс за човек на годината.

На страната „Change.org“ се појави петиција во чиј опис пишува:

„Кијану е најдобрата личност која постои, прогласете го за личност на годината! Кијану во тајност донираше милиони за детските болници и други добротворни установи, тој направи неверојатни работи за луѓето и ништо не побара за возврат“

„Тој тоа го заслужи“, коментираа потписниците на петицијата во коментарите.

Целта на петицијата е да се соберат 150.000 потписи, а ако и вие се согласувате со идејата на фановите на Кијану Ривс, можете да го дадете својот глас на страната „Change.org“.

Инаку, магазинот „Time“ секоја година прогласува личност на годината, а минатата година таа титула ја доби убиениот саудиски новинар Џамал Кашогџи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот