Тодоров го избра конечниот список: Отпаднаа тројца дебитанти

склучитечно сум задоволен од тоа како работеа Ефремовски, Бакоч и Миловановиќ и тие и во иднина, се додека јас сум селектор секогаш ќе бидат дел од репрезентацијата, вели селекторот.

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров, ги избра 12. кошаркари кои ќе настапат на стартот од квалификациите за ЕП 2021. Последни кои отпаднаа од конечниот список се младите Виктор Ефремовски, Марко Миловановиќ и Филип Бакоч кои во наредна прилика ќе дебитираат за сениорската репрезентација на Македонија.

Кошаркарите утревечер (20.15 часот) во салата Борис Трајковски играат против Естонија, а во недела во Перм и гостуваат на Русија па в недела на гости кај Русија, меѓу кои нема тројца од четворицата дебитанти кои беа дел од досегашните подготовки.

Тодоров како што најави на денешната прес конференција, последниот тренинг го одржа со 12.кошаркари кои ќе настапат против Естонија и Русија, и меѓу нив не беа Ефремовски, Бакоч и Миловановиќ.

– Сметам дека ова оптимално е најдобриот тим во моментов кој го имаме на располагање. Исклучитечно сум задоволен од тоа како работеа Ефремовски, Бакоч и Миловановиќ и тие и во иднина, се додека јас сум селектор секогаш ќе бидат дел од репрезентацијата. За жал некој мораше да отпадне – вели селекторот Тодоров. ,

Во тимот остана Јакимовски, го пропушти последните неколку тренинзи поради вироза, а очекувано во тимот остануваат и повредените плејмејкери, Ненад Димитријевиќ и Андреј Магдевски, кои успеаја да ги надминат повредите.
Конечен список на кошаркари за натпреварите со Естонија и Русија: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Андреј Магдевски, Андреј Јакимовски, Шејн Витингтон, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Марко Симоновски и Кристијан Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот