„Тоа не сум јас“: Пирс Морган бесен поради тврдењата дека ја глумел жената со гулабите во филмот „Сам дома 2“
Британскиот водител Пирс Морган повторно беше принуден да се огласи на социјалните мрежи за да одговори на гласините дека тој е актерот кој ја глуми бездомничката опкружена со гулаби во филмот „Сам дома 2: Изгубени во Њујорк“.
Препорачано
Во тој филм, Кевин Мекалистер се спријателува со жената со гулаби додека е во Њујорк. Отпрвин се плаши, но таа на крајот му помогна кога Хари и Марв го бркаат низ Централ Парк.
После сите овие години, љубителите на овој култен филм заклучија дека оваа жена неверојатно личи на Пирс Морган.
„Го гледав ‘Сам дома 2’ и заборавив дека во него е Пирс Морган“; „Не знам многу од неговите улоги, но оваа му е најдобра“ ; „Како не го знаев ова? Беше неверојатен во ‘Сам дома 2’“, беа некои од коментарите на Икс.

Толку многу се зборуваше за неговата улога во „Сам дома 2“ што Пирс мораше да се огласи на социјалните мрежи за тоа.
„Тоа не сум јас“, напиша кратко водителот.
It’s. Not. Me. https://t.co/IEE4VnmUFh
— Piers Morgan (@piersmorgan) December 1, 2024
Морган всушност не лаже. Жената со гулабите во филмот е Бренда Фрикер (79), која според „Ајриш тајмс“ важи за една од најдобрите ирски актерки на сите времиња.


