„Тоа ќе биде врвот на неговата кариера“: Килијан Марфи е главен фаворит за новиот Џејмс Бонд

Фото: Profimedia

Ирскиот актер Килијан Марфи (47) е главен фаворит за главната улога во филмскиот серијал за тајниот агент Џејмс Бонд, пишуваат британските медиуми.

Според обложувалниците, кои предвидуваат кој ќе ја добие таа престижна улога, неговата номинација и потенцијалната статуетка на годинашните Оскари многу ќе му помогнат на тој пат.

Популарниот актер ги освои срцата на филмофилите со својата извонредна изведба во филмот „Опенхајмер“ („Oppenheimer“), а шпекулациите дека тој ќе го наследи Даниел Крег постојат веќе подолго време.

Фото: UNIVERSAL / Planet / Profimedia

Харизмата и талентот на Марфи го привлекоа вниманието на продуцентите на Џејмс Бонд, кои се во потрага по нов главен протагонист на франшизата.

„Во моментов, Килијан е еден од најомилените актери во Холивуд, а улогата на Џејмс Бонд би била врв на неговата кариера“, открил изворот и посочил дека актер како него е потребен за „легендарната филмска франшиза да се подигне на ново ниво”.

Сепак, работата на 26. филм за тајниот агент на писателот Ијан Флеминг ќе започне најрано кон крајот на следната година.

ФОТО | Вештачката интелигенција создаде фотографија од „идеалниот“ Џејмс Бонд: Изгледа како згодниот холивудски актер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот