Тинејџерка во Хрватска со секира нападнала социјални работници

Секира/илустрација / фото: negativespace.co

Во местото Коториба во хрватската област Меѓимурје, 16-годишна девојка со секира нападнала двајца работници на Центарот за социјални работи од местото Прелог, јавија локалните медиуми.

Според сѐ уште неофицијални информации, инцидентот се случил во петокот при сместување на малолетни штитеници на социјалните служби, пишува Вечерњи лист.

Како што се наведува, таа со секира нападнаа двајца работници, кои успеале да побегнат. Искршено е стаклото на службеното возило со кое работниците пристигнале во населбата.

Полицијата го истражува овој случај на насилство врз службено лице и оштетување туѓ имот, за што ќе поднесе пријави до Државното обвинителство за млади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот