Тимови од Старо Нагоричане ќе набавуваат намирници и лекови за стари и изнемоштени лица

 Општина Старо Нагоричане формира тим за помош и поддршка на старите и немоќните лица. Тимот ќе им помага на жителите при набавка на намирници и лекови.Одлуката, ккао што соопшти општината, е донесена на седница на општинскиот кризен штаб.

Согласно одлуката на кризниот штаб на Општина Старо Нагоричане, а во врска со настанатата состојба со коронавирусот, по донесената забрана за движење на стари лица и укинат меѓуопштински превоз, општината формираше тим за помош на стари и изнемоштени лица за набавка на лекови и прехранбени продукти. Лицата на кои им е потребна помош да се обратат на  телефоните 075/490-015, 075/490-034, 072/224-435, 075/490-018, стои во соопштението.

Градоначалничката на општината, Жаклина Јовановска, информира дека се преземени сите мерки за заштита на вработените во општината и во комуналното претпријатие, и е извршена дезинфекција на локални патишта во општината.

Претходно, воведовме едношалтерски систем во општината за странките, бараните документи можат ги остават на портирницата. Работиме со скратено ртаботно време и извршена е дезинфекција на локалните патишта во повеќе населени места. Дезинфицирани се објектите на општината и на комуналното претпријатие „Козјак”. Набавена е заштитна опрема за вработените, рече Јовановска.

Пртеходно, со одлука на Владата беше укинат меѓуопштинскиот превоз од Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот