Тиквеш Кавадарци е новиот прволигаш, Силекс во Втората лига

Фото: ФФМ/facebook.com/footballfederationofmacedonia/

Денеска во еден исклучително тежок натпревар екипата на Тиквеш Кавадарци на Арената „Тодор Проески“ – Скопје со резултат 1:0 триумфираше против ФК Силекс во бараж мечот.

Во денешниот меч стрелец на победничкиот гол за Тиквеш Кавадарци на нашиот најголем стадион беше Спахиу во 54 минута.

Последен пат кавадарчани беа дел од Првата лига во натпреварувачката сезона 2003/2004.

Потсетување дека Силекс го освои Купот на Македонија откако славеше победа со 4:3 по подоброто изведување пенали на дуелот со Академија Пандев.

Кратовци следната сезона ќе играат во Втората лига, но ќе ја претставуваат Македонија летово на меѓународната сцена.

Се играше уште еден бараж, на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје, Ренова го задржа прволигашкиот статус откако на пенали триумфираше со 3:2 против Охрид. По регуларните 90 минути резултатот беше 2:2.

Фото: ФФМ/facebook.com/footballfederationofmacedonia/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот