Тетовски земјоделци се помалку, полињата пусти и обраснати со трева и трње

Фото: Слободен печат/ Зоран Димовски

Јордан Котевски од тетовското село Доброште е еден од ретките земјоделци од неговото село. Обработува 6 декари земја, а се околу мене вели е запустено и обраснато со трева и трње. Никој веќе не сака да се занимава со земјоделие, трудот не ти го ценат, а и тоа што ќе го произведеш нема каде да го пласираш. Неодамна откорнал 200 јаболкови насади оти за нив немало откуп.

„Жалосно е да излезеш на поле, пусто и штуро, патишта затворени. Единствен сум јас што водам „војна“ во цел блок каде обработувам ниви на околу 6 декари. Младите ни заминаа, старите останаа, а тие се немоќни. Треба државата малку да го организира земјоделието и земјоделците, како порано што беше во земјоделски задруги. Јас се по нешто произведувам јаболка, компир, кромид. Но оставени сме сами на себе, на пример мечката ни прави проблеми, ни влегува во ниви, прави пустош. Јас сум ги оградил дел од нивите, но пак се прави штета, бадијала е каде и да се пожалиш. Ние имаме две реки, најдобра клима и почва и жалосно е што не се работаат нивите. Голем проблем е што нема откуп, јас имав на една површина околу 200 дрва со јаболка, но немаше откуп и ги откорнав, сега останаа уште околу триесетина јаболкови насади“, вели земјоделецот Јордан Котевски.

Голема штета е велат земјоделците што земјата која е една од најплодните во Македонија не се обработува. За пласманот немаме проблем само со пченицата, но и за овој производ годинава не изиграа, во услови кога се е поскапено, ни нудат ниски цена за откуп, се жалат земјоделците

„Произведувам пипер, а имам производи и под фолија. Не произведувам многу, сам сум со жената, за жал нема млади да ја работаат земјата. Младите не сакаат да се занимаваат со земјоделие, а голем дел од нив се заминати во странство“, вели еден земјоделец од село Сараќино.

„Со пченицата добро ни одеше, но годинава замислете за килограм пченица ни нудат од 7 до 9 денари и тоа што ни го откупуваат ни го откупуваат по многу ниска цена. Пченицата лани ја земаа по 18 денари, значи годинава дупло поефтина“, додава друг земјоделец од тетовското село Блаце.

Фото: Слободен печат/ Зоран Димовски

Поради проблемите во земјоделите на тетовскиот зелен пазар зеленчук и овошје се повеќе продаваат трговци кои претежно нудат производи од Албанија, Грција и Турција, тетовски земјоделци кои продаваат домашни производи има да ги изброиш на прсти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот