Тешка сообраќајка синоќа кај Хиподром, еден загинат на самото место

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Синоќа во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство”, во близина на клучка „Хиподром”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди”, со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Виница и патничко возило „опел астра”, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(56) од с.Јурумлери, скопско.

На местото на несреќата починал З.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека А.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” Скопје.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот