Терорист сакал да изврши напад со дрон полн со експлозив на „Ел Класико

twitter/Goal

Шпанската полиција уапсила терорист кој планирал да изведе напад на најголемото фудбалско дерби.

Во голема акција на полицијата која е спроведена на 8. мај е уапсен марокански државјавнин кој се наоѓа под сомнение дека сакал да изврши терористички напад за време на натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид, и тоа користејќи дрон во кој би бил поставен експлозив, пишува „Ел Периодико“.

Според извори од полицијата, Мароканецот признал дека дека тоа му била намерата, но се одлучил да дејствува поинаку и со нож да нападне гледачи пред „Камп Ноу“.

Судијата Хозе Луис Каламан нареди веднаш да се затвори осомничениот терорист и го очекува обвинување дека ја промовирал Исламската држава и поттикнувал тероризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот