Тензична седницата за „Диво Насеље“: Ова е Албанија, не го признаваме судот

Тензична атмосфера на денешната јавна седница на Апелацискиот суд за случајот „Диво Насеље“. На почетокот од седницата осудените побараа меѓународна истрага и кажаа дека ова е Албанија, дека не го признаваат судот и дека адвокатите кои им се доделени немаат право да говорат наместо нив. Осудениците испраќаа пцовки кон судечкиот совет на чие чело е судијката Цветанка Периќ, објави А1.он.

– За нас судот не постои. Ова е Албанија. Адвокатите кои ни се доделени немаат право да говорат наместо нас. Четири години слушаме, сега послушајте не нас – рече Генц Сефај, осуден за „Диво Насеље“.

Осудениците пред Судот кажаа дека целиот судски процес е изрежиран од страна на коалицијата Груевски – Ахмети и побараа како сведоци да бидат прифатени, екс-премиерот Никола Груевски, екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, Али Ахмети, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Стојанче Ангелов, Муса Џафери, Садула Дураки и останати високи поранешни и актуелни функционери на ДУИ. По ова осудениците ја напуштија јавната седница која ќе продолжи само во присуство на нивните адвокати.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот