Тениската мафија не мирува, мести и на егзибициски натпревари

epa08553519 A view of the stadium during the match between Swiss Belinda Bencic (R) and Czech Tereza Martincova (L) at the Tipsport Elite Trophy charity tournament in Prague, Czech Republic, 18 July 2020. EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Единицата за интергритет на тенисот (ТИУ) соопшти дека во период од април до јуни годинава дури 24 натпревари кои се играа на егзибициски турнири се сомнителни.

Иако тениската сезона е во прекина од почетокот на март поради пандемијата на коронавирусот, имаше доста егзибициски турнири, а ТИУ смета дека има основ за сомнежи дека одредени натпревари се наместени.

Од Единицата за интегритет на тенисот објави дека под истрага е и еден дуел од ВТА турнир од 2019 година кој имал награден фонд од 125.000 долари. ТИУ не го ибјави името на турнирот, но откри дека започнале истраа биле известени од обложувалниците кои ги следат необичните шаблони на обложување.

„Обложувањата кои се сомнителни и за време на пандемијата се цврст показател дека корупцијата и понатаму е активна и дека нејзините актери ќе ги засилат активностите на нашиот спорт кога професионалниот тенис ќе се врати во август“, објави ТИУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот