„Telecinco“: Албанија е идеално место за оние кои бараат авантура, природа и традиција

Плажа во Саранда, Албаниа/ фото: Драган Митрески

Европа е континент полн со различности, култура и историја, но и многу популарни и скапи дестинации. Сепак, постојат места кои нудат уникатно и автентично искуство, места кои не се пренатрупани и достапни за вашиот џеб, наведува шпанската телевизија „Телецинко“, поддржана од „Медиасет Еспана“. Меѓу некои од најевтините туристички дестинации во Европа, весникот ја наведе и Албанија како идеална дестинација за патниците кои бараат авантура, природа и традиција, пренесува Ора Њуз.

Оваа мала балканска земја има спектакуларно крајбрежје, со бели песочни плажи и кристално чисти води, на кои ништо не им недостасува во споредба со Грција или Хрватска. Покрај тоа, Албанија има богато културно и историско наследство, кое се рефлектира низ нејзините градови, замоци и музеи. Нејзиниот главен град, Тирана, е модерен град кој нуди разновидни гастрономски и забавни услуги. Албанија е една од најевтините земји во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот