Тела на три деца и нивната мајка пронајдени во езеро во Минесота

Фото: МИА

Тела на трите деца и жена, за која се верува дека е нивна мајка, се пронајдени во езеро во американската сојузна држава Минесота.

Американските медиуми потсетуваат дека вчера прво беше пријавено дека во езерото се пронајдени телата на две од трите деца, кои исчезнаа заедно со нивната мајка претходниот ден.

Властите веруваат дека децата намерно се удавени, пренесуваат американските медиуми.

Ниту една од жртвите и оние по кои се трага се уште не се именувани.

Таткото на децата бил пронајден мртов во приколка во градот Мејплвуд, во близина на Минеаполис, а полицијата утврдила дека заедно со децата исчезнала и нивната мајка.

-Нема ништо потрагично од загубата на мали деца, изјави шерифот на округот Ремзи, Боб Флечер на прес-конференција, додавајќи дека најверојатно станува збор за повеќекратно убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот