Технолошкиот гигант Амазон ќе гради фабрика за сателити на Флорида, вредна 120 милиони долари

Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Амазон соопшти дека ќе инвестира 120 милиони долари во изградба на фабрика за сателити во вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида.

Овој потег доаѓа додека технолошкиот гигант во сопственост на Џеф Безос се подготвува да ги лансира првите сателити како дел од она што се очекува да биде амбициозна интернет мрежа наречена „Кајпер“ (Kuiper).

Фабриката ќе биде изградена на местото на историскиот објект за лансирање и слетување (LLF), што претходно се користеше за мисиите на НАСА во вселенскиот шатл.

Целта на проектот „Кајпер“ е да распореди широка мрежа од 3.236 сателити во ниската орбита на Земјата за глобален брз пристап до Интернет.

Огромниот објект сателити ќе игра клучна улога во подготовката на сателитите за лансирање на ракети од United Launch Alliance и Blue Origin, исто така во сопственост на Безос.

Изградбата се очекува да заврши во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот