Техно журка во Берлин на 2110 млади без дистанца и маски, еве зошто

Фото: Ансплеш / Antoine Julien

Пилот проект спроведен во Берлин во текот на викендот, чија цел беше да се разгледа како на посетителите на клубовите ќе им биде дозволено безбедно да се забавуваат без маски, беше успешен, објави денеска Берлинската комисија за ноќни клубови.

Шест берлински ноќни клубови викендов ги отворија вратите за маскирани посетители, како дел од проектот чија цел е да се открие безбеден начин за заживување на ноќната сцена во германската престолнина, што е исто така важно за големиот број туристи.

Во Германија, танцувањето во затворен простор се уште е забрането, но проектот наречен Reboot Clubculture истражува нови можности и покрај пандемијата.

Во неколку берлински клубови, како што се KitKatClub, Renate и SO36, младите можеа да танцуваат без заштитни маски и немаше забрана за физички контакт, но им беше дозволено да влегуваат во клубовите само по потврда за негативен ПЦР тест. Не беше направена разлика помеѓу вакцинирани и невакцинирани против ковид-19.

Околу 2.000 достапни билети беа разграбани многу брзо.

„По детален процес на регистрација и тестирање, оваа ноќ во ноќен клуб беше навистина како пред пандемијата“, рече Луц Лајхсеринг, портпарол на ноќните клубови во Берлин.

Вклучувајќи ги и организаторите, 2110 лица беа подложени на ПЦР тестирање. Откриени се само седум случаи на инфекција со „ковид-19“ и пријавени на здравствените власти.

-Во петок ќе се спроведат контролни тестови на сите посетители на клубот, а ќе се организира и онлајн анкета. Оценката ќе ја направиме после тоа, рече Лајхсенринг.

Берлинските ноќни клубови се затворија пред година и пол за да спречат ширење на инфекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот