Тажни слики: Целосно празни бродови пловат сред сезона

фото: Index.hr

Годинешната туристичка сезона во Хрватска е полоша од кога и да е, а речиси целосно празните хотели, ресторани, кафулиња и плажи делуваат речиси страшни.

Очигледно е дека егзодусот на работници направи непроценлива штета.

Порталот „Index“ објави фотографии кои им ги испратил читател, а на кои се гледа празната внатрешност на катамаран кој плови.

На четирите фотографии може да се избројат дури три, четири лица.

– Не знам дали ви е интересно, но ова е уште еден доказ каква е сезоната. Значи, возењето Сплит – Хвар во јули 2019. година – пишува читателот.

Станува збор, како што вели, за јадранската линија Сплит – Хвар која пловела во саботата 13. јули во 16.30 часот.

Значи, во средината на денот за време на еден од ударните викенди од сезоната, ниту трага, ниту глас од туристите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот