Тажна вест: Почина Горјан Тозија – Медо

Горјан Тозија / Фото: МИА

Филмскиот продуцент Горјан Тозија – Медо почина на 68-годишна возраст, а тажната вест ја споделија дел од неговите пријатели.

– Кој го познаваше знае дека изгубивме големо срце другарско. Почивај во мир Мече, напиша новинарот Борјан Јовановски.

– Ej, ти ги знам овие фори кога ќе се исклучиш на неколку дена за да одмориш од сите. Јас ќе чекам од нигде никаде да се појавиш оцерен како ништо да не било и да се видиме. Ако не е така, чекај таму некаде и знаеш што се ќе ти се изнакажам и знам што ќе ми вратиш. Како и да е, сега одмарај Мече, стои во емотивната објава на Кире Наумов, главниот извршен директор на Развојна банка.

– Медо!!! Единствен!!! Почивај во мир, друже мој, напиша поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Легендите никогаш не умираат, нели драг наш Медо? Затоа што сеќавањата на нив се вечни. Патувај пријателе и знај дека ни остави тага и празнина засекогаш, со него се збогува и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Имено, Тозија беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.

Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“. Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.

Во 2017 беше назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот