Тажна вест од кралскиот двор: Календарот на принцезата Кетрин е празен до крајот на годината

Кејт Мидлтон / Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

„Многу од вработените треба да го знаат точниот распоред на настаните неколку месеци однапред. Календарот на Кејт, како што ми е кажано, е празен до крајот на годината. Ништо не е испланирано. Како што стојат работите, не треба да се очекува дека таа ќе се врати во во јавноста до крајот на годината“, сподели извор од Кенсингтонската палата за „Дејли бист“.

Принцезата од Велс не е видена од Божиќ минатата година. Во февруари официјално беше објавено дека била оперирана „во абдоменот“ и дека нејзиното враќање на обврските може да се очекува до почетокот на мај. Сепак, на 22 март принцезата ѝ се обрати на јавноста и во многу емотивна изјава рече дека боледува од рак и дека е на превентивна терапија со хемотерапија.

Британците се желни за каква било информација за здравјето на најомилениот член на кралското семејство, но засега нема новости, а она што се објавува нема оптимистичка нота.

Порталот цитира и наводен „близок пријател“ на принцот и принцезата од Велс, кој тврди дека главната причина за долгото отсуство и празниот календар на Кејт е „грижата за нејзиното физичко и ментално здравје“.

„Избегнувањето на сите форми на стрес и вознемиреност е клучно. Она што треба да го направи Кејт е да се грижи за себе и наскоро да се чувствува што е можно подобро“, изјави тој.

Тој додаде дека наскоро, штом заврши учебната година, целото семејство ќе се пресели во Сандрингем во Норфолк. Овој огромен имот, заедно со замокот Балморал во Шкотска, ќе им овозможи поголема приватност и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот