Експерти советуваат: Две важни работи во љубовната врска можат да спречат раскинување

Фото: Pexels / Andrea Piacquadio

Љубовта ги зближува луѓето на мистериозен начин. Понекогаш сте толку различни што тоа не го разбирате – само „кликнувате“. Спротивностите често се најдобри надополнувања, без разлика колку се различни двајца луѓе.

Меѓутоа, ако вашата динамика има смисла на почетокот на вашата врска, сето тоа може да се промени подоцна. Личноста на вашиот партнер може да не одговара на вашите моментални потреби, што може целосно да ја уништи вашата врска. Сепак, две важни работи можат да спречат развод или раскинување.

Терапевтот Мелани Горман, авторката Кетлин Милер, бихејвиоралниот аналитичар Стивен Сислер и биолошкиот антрополог д-р Хелен Фишер открија за „Јортанго“ кои две работи можат да спречат прекин на љубовната врска.

„Знај кој си“ – Запознајте се себеси и разберете каков тип на личност имате. Подоцна, споделете го ова со вашиот партнер за да ги разберете потребите едни на други и да работите заедно за да ги задоволите тие потреби.

„Почитувај ги вашите разлики“ – Сфатете дека вашиот партнер не е како вас на многу начини. Не го присилувајте да го живее животот на ист начин како вие. Почитувајте дека вашиот партнер е различен и уживајте во заедничкиот живот со овие разлики.

„Знаете, проблемот е што ние не ги гледаме луѓето онакви какви што се. Ги гледаме такви какви што сме. .. почитувајте ја разликата и разберете дека нешто што тие прават не е затоа што се обидуваат да ве изнервираат“, посочил Стивен Сислер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот