Фото: Слободен печат

Татко си ја терал ќерката да питачи и нападнал социјална работничка во Центар

49-годишен жител на Скопје, чија малолетна ќерка била затекната како питачи во центарот на Скопје, претпладнево нападнал социјална работничка, соопшти полицијата.

„На 05.04.2022 во 11.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ш.И.(49) од Скопје, затоа што на 03.04.2022 околу 14.00 часот се обидел физички да нападне социјална работничка на нејзиното работно место, која постапувала во врска со сузбивање на питачење на подрачјето на Центар, при што неговата малолетна ќерка била затекната како питачи“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот