Татко монструм од Хрватска, десет години ја силувал својата ќерка, доби 23 години затвор

Фото: илустрација/архива на Слободен печат

Маж од централна Хрватска е осуден на 23 години затвор за силување на својата ќерка. Како што објави Јутарњи, 45-годишниот маж ја силувал својата ќерка од нејзината шеста година, а малтретирањето продолжило се до август минатата година, кога мажот бил уапсен.

Од 2013 до минатата година, на штета на својата ќерка која сега има 17 години, извршил 341 кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на дете.

Обвинетиот од првиот до последниот момент се бранел со молчење. Како олеснителна околност, судот ја зел предвид неговата неосудуваност, а отежнувачки е тоа што делата ги вршел подолг период на штета на сопственото дете и покажал голема криминална волја.

За време на интервјуа во повеќе институции, жртвата опишала дека се плаши од својот татко бидејќи тој се заканувал дека ако некому каже што и прави, ќе ги убие и двајцата, но и дека ќе и ги покаже фотографиите со сексуализирани пози на нејзината мајка.

Освен тоа, ѝ ја ограничил комуникацијата со нејзините пријатели, ја спречил да оди на гинеколог и ја принудувал да посетува куќи каде што ја проповедаат верата. Мајката тврди дека не знаела ништо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот