Татко-монструм ги построил и ги убил своите три мали деца, призна дека го планирал ужасниот чин

Фото: Youtube / NBC News / screenshot

Незапаметено брутално тројно чедоубиство ја потресе Америка – татко на три момчиња на возраст од 3, 4 и 7 години, ги построил и ги стрелал беспомошните деца, а откако го уапсиле – признал дека го планирал ужасното злосторство, јавија американските медиуми.

Мајката се обидела да ги спаси момчињата, но убиецот пукал и кон неа и ја ранил во раката.

Според обвинителите, осомничениот, 32-годишниот Чед Дорман, веднаш го признал делото. Тој во петокот се појави пред судот по три точки од обвинението за убиство со умисла. Окружниот обвинител на округот Клермонт Дејвид Гаст изјави дека ова е најлошото злосторство што го видел во неговата кариера.

Тој рече дека Дорман ги наредил момчињата на возраст од 3, 4 и 7 години во нивниот дом и ги убил со пушка-сачмарка. Едно од момчињата се обидело да избега, трчајќи низ полето во близина на куќата, но Дорман успеал да го стигне и да го фати и го вратил во домот во местото Монро, каде брутално го застрелал заедно со двете братчиња.

Фото: Фејсбук

„Траумата што ја предизвика овој човек е неопислива“. Злобниот ужас на она што го видовме и дознавме е невозможно да се процесира. Тој бил нивниот свет, тој бил нивниот чувар и ладнокрвно ги егзекутира“, рече видно вознемирениот обвинител.

Полицајците кои дошле на местото на трагедијата се обиделе да ги спасат момчињата, но тие веќе биле мртви.

Гаст додаде дека Дорман целосно признал дека не само што ги извршил убиствата, туку и ги планирал.

Повиците на бројот 911 покажуваат дека Доерман можеби имал и други деца, но обвинителите не ја коментираа оваа информација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот