Татко го ранил со нож 22-годишниот син во кафеана во Скопје

Фото: МИА

На 14.01.2023 во 17.00 часот на улицата „Решат Џафери“ во близина на Бит-пазар во Скопје, полицајци го уапсиле 46-годишниот А.С.(46) од Скопје, кој е осомничен дека со нож го избол сопствениот син, соопшти МВР.

„Тој се сомничи дека околу 14.00 часот во неговиот угостителски објект на Бит Пазар со нож му нанел повреди на неговиот син В.С.(22), кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Полициски службеници извршиле увид и ножот бил пронајден и одземен. Лицето било задржано во полициска станица“, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, Одделението за семејно насилство – Единица за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот