Таравари: На Села ќе му го дадам печатот и логото само да не оди во коалиција со ДУИ

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Арбен Таравари кој денеска го презентираше вториот дел од претседателскиот кабинет ги повика Зијадин Села и неговите приврзаници да им ги потпише листите на пратеници за кои како што рече ќе им го даде и печатот и логото на Алијансата за Албанците, само да не завршат во коалиција со ДУИ.

„Ние отиднавме на различни страни со Села оти тој мислеше дека сами требаше да одиме на овие избори, јас мислев дека треба да направиме коалиција и да донесеме промена во албанскиот блок и сега знам дека денеска дефинитивно ќе имаат собрание во кое што ќе одлучат да одат со ДУИ. Но пред да се одржи тоа Собрание, уште еднаш им апелирам ако е пречка печатот на партијата слободно јас им го давам и логото и печатот нека излезат сами на избори, барем да имаат политичка конзистенција“, рече претседателскиот кандидат од коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари.

Тој кажа дека и претходно со негови истомисленици имале сомнеж дека одредени функционери на Алијансата за Албанците се приближувале до ДУИ.

„После овие избори ако тие влезат во коалиција со ДУИ, мислам на приврзаниците на Села, тоа ќе биде една партија, тие сите ќе завршат во ДУИ. Уште еднаш им апелирам нека ги донесат листите ќе ги потпишам и логото ќе им го дадам“, додаде Таравари.

Тој кажа дека се уште има опструкции во тетовскиот основен суд во однос на регистрирањето на Алијансата на Албанците за која двете крила поднесе барање тврдејќи дека им припаѓа нив.

„Јас не сакав да коментирам дека ќе ја дефокусираме јавноста, се смени една судивка, па се бараше изземање на втора судивка, па трета, сега четврти судија, се надевам дека ќе се донесе одлука која е базирана на факти и аргументи“, рече Таравари.

Во однос на одлуката Демократската партија на Турција која на локално ниво е заедно со Алијансата за Албанците да склучи договор за коалиција со ДУИ, Таравари смета дека секој има право да избере своја коалиција, но турските граѓани како што рече сакаат промени и тие својот глас ќе го дадат за опозицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот