Тарантино на 58 години ќе стане татко по вторпат: 20 години помладата сопруга повторно е бремена

Фото: Профимедиа

Познатиот режисер Квентин Тарантино (58) и неговата сопруга Даниела го очекуваат своето второ дете.

Веста доаѓа две години откако парот го доби своето прво дете, синот Лео, во февруари 2020 година, пренесува People.

Тарантино и 20 години помладата Даниела, ќерката на израелската кантавторка Цвике Пик, се запознале во 2009 година додека режисерот бил во Израел, каде што го промовирал својот филм „Немилосрдни гадови“.

Квентин Тарантино
Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Минатата година, во интервју со Џими Кимел, Тарантино објасни зошто на својот син му го дал името Лео, за кој многумина мислеа дека го добил името по актерот Леонардо Дикаприо, со кого режисерот соработуваше на филмовите „Django Unchained“ и „Once Upon a Time in Hollywood“.

„За малку немаше да му го дадеме тоа име, затоа што луѓето би претпоставувале дека сме му го дале името по Леонардо Дикаприо. Нема ништо лошо во тоа, но син ми го доби името по дедото на мојата сопруга, но и затоа што, во нашите срца, тој беше нашиот мал лав. Значи, тој е лав. Така размислувавме за него“, изјавил тогаш оскаровецот.

Квентин Тарантино
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Тарантино и неговото семејство во моментот живеат во Тел Авив, Израел, а Лео го воспитуваат да зборува и англиски и хебрејски.

Познатиот режисер ја запозна Даниела во 2009 година, кога го промовираше филмот „Немилосрдни гадови“. Тие се свршија во јуни 2017 година, по една година врска, а се венчаа во ноември 2018 година. Ова е прв брак на Тарантино.

Легендарниот Тарантино на 56 години го доби првото дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот