Танасоски: Новиот систем функционира, блокадата беше од страна на шпедитерите!

фото: Слободен печат

Откако во последните неколку дена во јавноста се појавија информации дека новиот Систем за обработка на царинските декларации и акцизните документи (СОЦДАД) не е во функција.

Денес во просториите на Царинска управа се одржа брифинг за претставниците на медиумите во врска  со примената на новиот Систем за обработка на царинските декларации и акцизните документи (СОЦДАД)

фото: Слободен печат

– Можам да кажам дека новиот софтвер официјално беше пуштен на 1-ви јуни во работа на извозот, додека увозот беше пуштен на 3-ти јули. Ова фазно пуштање на системот беше на барање на деловната заедница за да можат да се прилагодат на измените кои се потребни за имплементација на новиот софтер – рече директорот Танасоски.

Тој нагласи дека тие како Царинска управа веќе шест месеци им овозможивме на шпедитерите да имаат 20 обуки за да можат да го користат СОЦДАД системот. На околу 700 шпедитери им беше овозможена обука, преку која се работело поединечно со секој од нив со цел тие да можат да видат како работи новиот систем, кои се промените во начинот на популнување на делкарации и изведување на комплетната постапка. Тоа беше една основна обука која им ја дадовме и нормално сега треба тие самите тоа да го спроведат во пракса и да се дообучуваат – истакна Директорот.

Во Управата постои тим за поддршка кој речиси 24 часа им е на располагање на сите кои го користат овој софтвер со цел полесно да се справат со проблемите со кои ќе се соочат шпедитерите. Во овој пердиот тимот добиваше преку 500 електронски пораки, а поголем дел од нив биле поврзани со техничката поддршка која била предизвикана од недоволно поставање при користењето на системот.

– Ние како Царинска управа ги превземавме сите оние услови кои треба да им ги пружиме на деловната заедница, да не зборувам за состаноците на кој начин ќе работи системот, со компании, корисници на складови. Значи гледавме да ги опфатиме сите групации кои се засегнати од употребата на новиот софтвер да ги повикаме и да им презентираме кои се измените – вели Танасоски.

Од Царинската управа биле направени голем број на промени во упатства, на процедури, како и измени во правилници. Сето тоа се одвивало во еден забрзан процес во кој биле опфатени и други институции, како УЈП, Завод за државна статистика, Народната банка, МИОА со кои биле одржани континуирани состаноци на кои биле презентирани кои измени ќе ги има во контекст на меѓусебното комуницирање и кои податоци ние ќе им ги доставуваме за да тие потоа да ги даваат своите извешаи.

фото: Слободен печат

Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), наменет за извозни и увозни царински постапки е револуционерно решение важно во борбата против корупцијата. Овој систем претставува една значајна алатка во борба против корупцијата бидејќи крајната цел е да се работи во безхартиена околина која ќе избегнува директен контакт меѓу царинските службеници и шпедитерите или компаниите.

– Треба да бидеме сите горди бидејќи ова е прв голем исчекор кон нашето членство во ЕУ. Бидејќи вакви системи имплементирале и другите земји кандидатки. Во регионов нема ниту една, меѓутоа Хрватска, Словенија ова го имплементирале во еден повеќегодишен период, модуларно. Кај нас ова го правиме одеднаш при што опфаќаме шест системи што комуницираат и што се компатибилни со ситемите на ЕУ што е многу важно, вели Танасоски.

Тој појасни дека има два начини на комуникација со ситемот едниот е „system to system”, а вториот е преку „Trader portal”, односно порталот за трговци. Имало софтверски компании што им дале на своите клиенти спремни софтвери да комуницираат со нив и тие од почетокот на имплементација до денеска немале никаквов проблем со „system to system” комуникација.

фото: Слободен печат

– Досега немало прекин на системот, туку дошло до тоа одредени шепдитерски куќи, бидејќи имаа решение кое ќе функционира преку „Трејдер порталот”, кој е наменет за трговци поединци, поединечни декларации или во екстремни случаи кога нивниот софтвер не работи па да се заврши работата преку „Трејдер порталот”. Тоа го злоупотребија и 80 проценти од декларациите ги ставија на „Трејдер порталот” и нормално е на таков портал што не е наменет за да функционира „system to system” да дојде до кочење, односно блокирање на тој портал. Во моментите кога тоа се случи, имаше еден таков проблем, ние им објаснивме, дојдоа шпедитерите увидоа дека кај нив е проблемот, дека треба да си го сменат начинот на функционирање „system to system, веќе од утредента имаше промени во нивниот настап. Сега имаме обратно, на „system to system” се 80 проценти, а 20 проценти се уште некои мали шпедиции што го користат „Трејдер порталот”, објаснува Танасоски.

Тој вели дека системот е функционален и оти декларациите поминуваат, а за увоз и за извоз од имплементацијата на системот се примени над 150.000 декларации, со тоа што прифатени и обработени се околу 60.000, останатите или се во тек на обработка или биле погрешни. Посочи дека има голем број случаи на злоупотреба на името на царината и оти одредени шпедиции кажуваат дека стоката стои заради неколкудневно неработење на системот, што Танасоски тврди дека не е случај и не може и не смее да се случи.

– Системот си прима декларации се обработуваат си поминуваат, а ние имаме плаќања при увоз, ние не смееме да дозволиме буџетот да биде празен. Ние 42 отсто го полниме буџетот на државата. Замислете на што би личело тоа системот на Царинската управа да застане, вели Танасоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот