Талибанците прогласија тридневно примирје поради Фитр Бајрам

Талибанци во Авганистан. / Фото: EPA/SAOOD REHMAN

Талибанците, преку Твитер, најавија тридневен прекин на огнот во Авганистан, а претседателот на таа земја рече дека владата ќе возврати со иста мерка. Прекинот на огнот се случува за време на големиот муслимански празник Фитр Бајрам, јави Би Би Си.

Овој потег се случи откако се интензивираа борбите меѓу двете страни и покрај пандемијата на коронавирус.

„Не спроведувајте никакви офанзивни операции против непријателот никаде; ако непријателот преземе какви било активности против вас, бранете се”, напиша на Твитер портпаролот на Талибанците, Забихулах Муџахид. Тој додаде дека прогласеното примирје е само поради Бајрам, со кој се означува крај на светиот месец Рамазан.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја поздрави најавата за прекин на огнот од страна на Талибанците и ја повтори неговата понуда за мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот