Талибанците за првпат и се обраќаат на јавноста: На сите им простивме

Ова е прво јавно обраќање на Талибанците откако во неделата ја презедоа контролата врз Авганистан.

Портпаролот Забихула Муџахид, кој првпат се појави пред камерите, рече дека „по 20 години борба, тие ја еманципираа земјата и ги протераа странците“.

„Ова е горд момент за целата нација“, рече тој.

„Сакаме да се осигураме дека Авганистан повеќе не е бојно поле. Им простивме на сите што се бореа против нас. На непријателствата им дојде крајот. Не сакаме надворешни или внатрешни непријатели “, рече Муџахид.

„Би сакал да ја убедам меѓународната заедница дека нема да повредиме никого.
Не сакаме да имаме проблеми со меѓународната заедница. Имаме право да постапуваме во согласност со нашите верски принципи. Други земји имаат различни пристапи, правила и прописи … Авганистанците имаат право да имаат свои правила и прописи во согласност со нашите вредности. Ние сме посветени на правата на жените според шеријатскиот систем. Тие ќе работат рамо до рамо со нас. Би сакале да ја увериме меѓународната заедница дека нема да има дискриминација “, рече портпаролот на Талибанците.

Тој, исто така, рече дека слободата на медиумите е  важна.

„Медиумите мора да бидат непристрасни. Мораат да не критикуваат за да не направат подобри “, рече Муџахид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот