Талибанците претепале новинар и снимател во околината на Кабул

Талибанските власти го привеле сопственикот на приватната авганистанска телевизиска мрежа / Фото: EPA-EFE/NAWID TANHA

Репортерот на авганистанската телевизија TОЛОњуз, Зијар Јад и неговиот снимател биле претепани од талибанците во околината на Кабул додека правеле прилог за состојбата на сиромашните и невработеноста во главниот град на Авганистан.

Инцидентот се случил во населбата Хаџи Јакуб, а талибанците им ги одзеле мобилните телефони и камерата.

Според TОЛОњуз, напади врз претставници на медиумите имало и на други места, но тие не добиле публицитет.

Новинарот Јад изјави дека тој и колегата биле тепани.

„Откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан, нивниот став кон новинарите е алармантен”, изјави потпретседателот на Здружението на новинари во провинцијата Парван, Парвиз Аминзаде.

Ахмадула Васик, заменик -шеф на талибанската комисија за култура, рече дека новинарите во Кабул не биле тепани, туку им биле упатени само закани.

– Раководството во главниот град не увери дека го истражува инцидентот и ако некаде има проблеми со новинарите ние се обидуваме да ги решиме, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот