Тајван изрази незадоволство поради кинеското „воено заплашување“

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека воените вежби на Кина би можеле „да го поткопаат регионалниот мир. Вежбите во Тајванскиот теснец нема да помогнат во подобрувањето на односите меѓу двете земји.

Сун Ли-Фанг, портпаролот на тајванското Министерство за одбрана, рече дека ваквиот чекор на Кина „не само што ќе има влијание врз регионалната безбедност и стабилноста на мирот, туку негативно ќе влијание и врз глобалниот мир и економскиот развој.

– Затоа, не сме среќни што ја гледаме кинеската војска како врши заплашување, додаде Ли Фанг.

Земјата од утрово е во состојба на борбена готовност, поморските и копнените единици се на готовс поради кинеските воени вежби што се спроведуваат околу самоуправната островска демократија каде што новиот претседател ја презеде функцијата оваа недела.

Кинеската војска соопшти дека започнала дводневни вежби околу Тајван и истите ги нарече казна за сепаратистичките сили кои бараат независност на самоуправниот остров.

Новиот претседател Лаи Чинг-те ја презеде функцијата во Тајван оваа недела и рече дека бара дијалог со Пекинг, истовремено задржувајќи го де факто независен статус на Тајван и избегнувајќи конфликти што би можеле да привлечат „странски поддржувачи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот