Тајната за проколнатата подморница на СССР – „убивала“ и по повлекувањето од употреба

Фото: Профимедиа/Илустрација

Во времето на Студената војна, приоритет на земјите било да се остави впечаток на семоќна сила – особено на САД и на Советскиот Сојуз. Финансиски поткрепената Америка без проблем го градела својот арсенал од оружје, додека замислените лидери на СССР, земјата изградена на репресија и на маките на работниците, на сите можни начини се обидувалa стане супериорна, пишува „Експрес“.

Но, колку влијаел недостатокот на пари врз сигурноста на бројните иновации сведочат многуте катастрофи за кои светот дозна многу подоцна откако се случиле – со оглед на фактот дека затворената комунистичка земја информациите не ги делела со јавноста, особено оние за нивните неуспеси.

Од приказните за Тајниот град 40 и катастрофата во Чернобил, застрашувачките приказни се чувале во тајност, а таков е случајот и со низата на несреќни настани на подморницата К-19. Властите 30 години криеле што навистина се случило со ова пловило.

Смртта ја следи подморницата уште од нејзината изградба

Несреќите поврзани со подморницата слободно можат да се сместат во најлошите ноќни мори на морнарите и вистински случаи на лоша среќа. Во доцните 1950-ти години, СССР заостанувале зад Американците во развојот на нуклеарната програма за подморници, а К-19 требала да биде прва и најдобра во својата класа. Но, дури и во текот на нејзината изградба, серијата на необични несреќи предизвикале озборувања дека К-19 е проколната. Подморницата била опремена со нуклеарни балистички проектили кои можеле да извршат напади кои би предизвикале тешки последици на бреговите на САД.

Проектот бил од огормна важност во 1961 година, кога подморницата тргнала на своето прво патување, а Студената војна била на раб да се претвори во термонуклеарна. Изградбата брзо напредувала, што резултирало со 10 смртни случаи пред таа да биде завршена во бродоградилиштето на Северодвинск, на крајниот север од СССР.

Проект 658 или Хотел Клас навистина бризарно се градела. Двајца работници загинале во несреќа која избила во 1958 година. Шест жени загинале поради дејство на пареа од лепило кое се користело за гумено обложување на водените цистерни.

За време на товарењето на ракетите, еден инженер ја скршил цефката за ладење на реакторите, а друг загинал во несреќа кога паднал меѓу два дела на подморницата.

Откако во 1959 година е оценето дека К-19 е способна и подготвена за светските мориња, организирана е свечена церемонија за да се претстави најновото достигнување на Советскиот Сојуз и гордоста на нивната морнарица.

Ја повикале несреќата?

Спротивно на морнарската традиција, одбран е маж наместо жена да го скрши шишето шампањ од бродот пред нејзиното тргнување. Кога капетанот В.В. Панов замавнал со шишето кон работ на подморницата, тоа не се скршило, туку се одбило. Екипажот тоа го протолкувал како лош знак, поткрепувајќи ги нивните тези дека подморницата е проколната.

Подморницата тргнала на пат на 8 април 1959 година и проблемите започнале веднаш. Пропуштала вода, а реакторот брзо се расипал поради неадекватно управување. Заштитната гума се одлепувала и постоела потреба за итна поправка. Сепак, со минимални санации, подморницата две години подоцна е ставена во службена воена употреба. Неколку месеци подоцна следела катастрофата.

На 4 јули 1961 година подморницата се наоѓала во Северниот Атлантик каде спроведувала тајна вежба. Капетал бил Николај Владимирович Затејев.

Тогаш екипажот почнал да го плаќа данокот на брзината на градење на подморницата – пукнала оштетена цевка на составот за ладење на реакторите. Како последица, температурата во реакторот започнала неконтролирано да расте. Но, тоа не бил единствениот проблем, во исто време и сосема различно од првиот дефект, се расипало и радиото и екипажот не можел да ја обавести Москва за тоа што се случува.

Како прво решение, екипажот одлучил да го изгасне реакторот уфрлајќи во него контролни прачки, но температурата и понатаму растела, се до 800 степени Целзиусови. Се заканувала и експлозија на нуклеарниот реактор која можела да предизвика морска катастрофа слична како онаа во Чернобил.

Капетанот Затејев во очајнички обид успеал да ги информира советските пловила во близина за катастрофата која се заканува, а сигналот го примил и американски брод кој бил во близина и понудил помош. Капетанот ја одбил помошта поради страв од реакциите во Москва, како и потенцијалното откривање на „воени тајни“ на непријателот.

Жртва за татковината

Капетанот одлучил по секоја цена да ја поправи цевката за ладење на реакторот, така што инженерите ќе направат нова конструкција од цевка за довод на вода и ќе ја заварат за реакторот. Но, единствен начин да се направи тоа е да го изложи екипажот на смртоносни нивоа на радијација.

Многу брзо сите на подморницата биле изложени на радијација. Луѓе од екипажот влегувале во просторијата, работеле колку што можат и покрај високата температура и зрачење, па излегувале да повраќаат.

Набрзо сите подлегнале на радијацијата. Сите членови на инженерскиот тим – седум луѓе, починале во рок од неколку дена, а уште 15 морнари умреле од последици од зрачењето во рок од две години.

– Кожата, незаштитена од радијација стануваше црвена, а рацете и лицата отекуваа. Крвта сама се појавуваше на кожата, а за само два часа веќе не можеш да го препознаеш човекот. Луѓето умираа потполно свесни, а со оглед на тоа дека не можеа да зборуваат, само шепотеа. Не молеа да ги убиеме за да им ги скратиме маките – сведочел подоцна Затејев.

И покрај огромните жртви и свесното уништување на сопствениот живот, екипажот успеал да го оспособи системот за ладење и да ја намали температурата на реакторот, со што спречиле катастрофа. По тие настани, како „спасител“ дошла мала подморница С-270 која ги пренела на сигурно и ја одвлекла напуштената К-19 до пристаништето Поларњи.

Последици од радијацијата

На колкави количини на зрачење биле изложени морнарите отркива и податокот дека не смееле да бидат со своите семејства за да не биде загрозено нивното здравје, и предметите кои ги допирале биле уништувани. Загинатите во оваа несреќа биле тајно погребани, а дури ниту нивните семејства не биле информирани. Подоцна се дознава дека примиле три пати повисока доза на зрачење од онаа која се смета за смртоносна.

За работите да бидат уште полоши, К-19 „убивала“ и по инцидентот во морето. Имено, откако била пренесена во пристаништето, од неа се извадени работи како храна, козметички прибори и облека на морнарите. Преку ноќ, тие работи се украдени, а експертите претпоставуваат дека крадците поради силната доза на радијација исто така починале.

По поправката на подморницата, таа е вратена во фунција. Конечно е „пензионирана“ откако пожар кој избил во неа убил 28 морнари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот