• свети сава

Утре неработен ден за припадниците на српската заедница

Утре, 27 јануари, Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните припадници на српската заедница им го честитаат празникот Свети Сава.