ФОТО | Автобус на ЈСП се расипа среде Центар

Автобус на ЈСП со број 57 утринава се расипа кај хотелот „Холидеј-ин“, правејќи мал метеж во утринскиот „пик“ на возила во овој дел од градот. Автобусот беше принудно паркиран со четири трепкачи и веројатно ја чекаше мобилната сервис-служба на ЈСП да дојде и да го „врати во живот“.