Бодигардот на премиерот Мицкоски си ја претепал сопругата

Р.Р. обезбедувач на премиерот Христијан Мицкоски  ја претепал сопругата, објави ТВ 24 повикувајќи се на извори од полицијата, Кривичниот суд и од Обвинителството за гонење организиран криминал. Нему му е определена мерка притвор во времетраење од 8 дена. Неговата сопруга според информации на телевизијата била докторка во приватна здравствена ординација.