• прешево

Хорор на наплатната рампа кај Прешево: Сопруг ја застрелал сопругата, па се самоубил

На наплатната рампа кај Прешево вечерва се случил обид за убиство и самоубиство. Според првите сознанија на српски Телеграф македонски државјанин прво со огнено оружје ранил жена, а потоа се застрелал. Македонскиот државјанин им подлегнал на повредите, а жената е пренесена во локалната болница во Врање. На пукањето, според очевидци, и претходела расправија.