• плишано

Наши миленици: Боно, кученце како плишано меченце

Боно е мешавина со мал раст, има 2 години и 8 месеци. Хиперактивен е, „сто на час“. Во маалото е познат како швалериште, па оттука му е прекарот „Боно бегалецот“. Ама, ај убаво погледнете го! На што ви личи? Нам, на преслатко плишано мече.