Захариева е позитивна на коронавирус

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, била позитивна на ПЦР тестот, соопштија од прес-службата на Министерството. Од таму додаваат дека таа е во добра општа состојба и дека работните обврски ќе ги извршува од својот дом. За време на изолацијата,  неа ќе ја замени заменик-министерот Петко Доиков, пренесе бугарскиот портал Топновини.бг.