Сијарто: „Унгарија ќе ѝ даде енергенси на Србија, земја што ни крива ни должна ја плаќа цената на војната во Украина“
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес во Белград изјави дека Србија секогаш може да смета на Унгарија, и порача дека неговата земја ќе ѝ помогне Србија да има стабилно снабдување со енергија, објави „Н1“. — Сѐ што е во наша моќ ќе направиме за да имате стабилно снабдување со енергија — изјави Сијарто …

