ВИДЕО | Бесплатен ботокс предизвика хаос во германски трговски центар – стотици луѓе чекале со часови
Отворањето на естетска ординација во трговски центар во Дуисбург предизвика контроверзии откако ординацијата понуди бесплатни ботокс третмани во првите два часа од работното време, пренесува „Еуроњуз“. Акцијата привлекла стотици луѓе кои со часови чекале во редови, меѓу кои имало многу млади лица и жени, јавува германската телевизија „WDR“. Третманите биле интензивно промовирани на социјалните мрежи, …

