Тачи: Измамниците се обидоа и кај мене да се пробијат, но бевме максимално претпазливи – Слободен печат
ВестиРегион

Тачи: Измамниците се обидоа и кај мене да се пробијат, но бевме максимално претпазливи

Тачи изјавил дека тој не може да разговара со некого без да биде однапред информиран, без да ги знае темите што може да ги разговара.

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска информираше дека руските комичари се обиделе пред седум месеци да разговараат по телефон и со него.

– Измамниците се обиделе да се пробијат и во мојата канцеларија, но имаше максимална претпазливост од овдешните институции, затоа што јас не можам да разговарам со некого без да бидам однапред информиран, без да ги знам темите што можам да ги разговарам, а потоа и без да се поврзат двата кабинети на претседателот на Косово со властите што сакаат да зборуваат. Беше пред седум-осум месеци овој нивен обид за да разговараат со мене како претседател на Косово. Му се заблагодарувам на кабинетот што се покажаа внимателни и ја спречиле оваа можност за директна комуникација на овие двајца измамници во име на поранешниот претседател Петро Порошенко – изјавил косовскиот претседател Хашим Тачи, пренесува Телеграфи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close