Тачи договорот за авиолинијата го смета за одличен и незаменлив проект

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, после средбата со амбасадорот Ричард Гренел, се заблагодари за американското посредување во постигнувањето на договорот со Србија за воспоставување на авиолинијата Приштина- Белград.

– Сакам да се заблагодарам многу за постигнување на договорот го постигнавме со посредство на амбасадорот Гренел, и со огромна подршка од претседателот Трамп, за воспоставување на авиолинијата Приштина-Белград, мислам дека е нешто ново, тоа што не успеаја другите да го направат го направи амбасадорот Гренел и администрацијата на САД, рече Тачи.

Меѓу другото Тачи оваа воздушна линија ја нарече како одличен и незаменлив проект.

– Верувам дека со лидерството на Трамп, ќе постигнеме финализирање на договорот помеѓу Србија и Косово, додаде Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот